УШТЕ ЕДЕН ПОПУЛАРЕН ГЕРМАНСКИ ТРГОВСКИ СИНЏИР ОДИ ВО СТЕЧАЈ – тајмингот не можеше да биде полош
Трговецот на спортска опрема SportScheck, кој е дел од Signa Holding, поднесе барање за стечај.
Компанијата, која има 34 филијали низ Германија и годишен обрт од околу 350 милиони евра, објави дека SportScheck е несолвентен откако Signa Holding поднесе барање за стечај, пренесува магазинот Fenix.
Тајмингот не можеше да биде полош бидејќи SportScheck требаше да биде купен од британската групација Фрејзерс. Модалитетите со претходниот сопственик, Сигна, беа веќе договорени во средината на октомври. Сепак, преземањето се уште не беше завршено, а сега зделката повторно е доведена во прашање.
Бидејќи Signa повеќе не може да ги исполнува своите обврски кон Sportscheck поради неликвидност, самата филијала во Минхен оди во банкрот.
„Фрејзер груп сака да се придржува кон преземањето на компанијата основана од Ото Шек во Минхен веднаш по Втората светска војна. Но, поради моменталната неликвидност, процесот на продажба мора да започне одново. Други заинтересирани страни може да не контактираат. Поради ова, SportScheck сигурно ќе најде нов, силен партнер кој ќе обезбеди долгорочна стабилност на компанијата“, велат од компанијата.
За клиентите засега ништо нема да се промени. Остануваат отворени 34 филијали на SportScheck низ државата. Онлајн продажбата исто така треба да продолжи како и обично, ветува шефот на SportScheck, Матијас Рукер.
Ракер го гледа банкротот како можност за одржливо зајакнување на компанијата со договорни партнери и доверители.
