Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УШТЕ ЕДЕН ПОГЛЕД НА АНКЕТАТА НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
Економија

УШТЕ ЕДЕН ПОГЛЕД НА АНКЕТАТА НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

25/12/2023

AA

Минатата недела Советот на странски инвеститори ги
презентираше резултатите од спроведената анкета Бизнис и инвестициски индикатор
2023, во која учествуваа компании-претставници од сите индустрии, компании кои
се присутни на глобалниот, регионалниот и домашниот пазар и имаат големо
влијание врз домашната економија.

Компаниите што учествуваа во анкетата на Советот на
странски инвеститори имаат над 38.000 вработени. Овие компании оствариле
приходи од работењето од над 7,7 милијарди евра и инвестирале над 400 милиони
евра во 2022 година. Таа беше спроведена анонимно, и јавно презентирана во
просториите на Стопанската Комора на Северна Македонија пред медиумите,
компании – инвеститори, претставници на странски амбасади, други билатерални
стопански комори како и меѓународни финансиски и невладини организации. 

Во Анкетата беа вклучени и компании од ТИРЗ кои посочиле
бројни недостатоци, како што се проблеми со инфраструктурата, непочитување на
роковите поврзани со договорните обврски, превисоки оперативни трошоци во
зоните, недоволно ниво на аftercare услуги, доцнење на постапки или одговори по
барања, случаи на доцнење на исплата на државната помош, итн.

Следствено на овие недостатоци, дел од компаниите кои се
лоцирани во зоните, се почесто избираат други институции и органи при
проширување на своите капацитети и склучување на нови договори со
државата. 

Според анкетата 56% од компаниите сметаат дека нема
напредок во Аftercare услугите или дека истите се полоши од нивото во минатата
година. Компаниите, исто така дале и предлози за унапредување на овие услуги,
како: почеста комуникација, поголема транспарентност, особено при донесување на
одлуки кои се однесуваат на компаниите, професионален кадар со знаење за
индустријата и адаптирање согласно пазарните потреби.

Советот на странски инвеститори ги цени напорите на
одредени органи и државни институции за мерење на задоволствата од сопственото
работење, но притоа упатува на резултатите од најновата годишна анкета Бизнис и
инвестициски индикатор 2023, реализирана од страна на Советот на странски
инвеститори, која покрај посочување на проблемите и ризиците, дава и корисни
предлози за унапредување на целокупната бизнис клима во државата. Секое
профилирање на селективни податоци, со одминат период и со тенденција одредени
чинители да се изземат, а со тоа индиректно да се префрли одговорноста на други
делува несериозно. Дополнително, тие не одат во насока на искрено и трајно
подобрување на состојбата и зголемување на задоволството на инвеститорите, а со
тоа и на нивните вработени. 

Како дел од системот, секоја институција која раководи со
државни средства треба да се однесува како одговорен чинител, кој континуирано
ќе работи за унапредување на бизнис климата во државата, подобрување на
условите на присутните компани и во привлекување на нови инвестиции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy