Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уште еден несмасен гаф на луѓето на Гаши? Зошто претседателот на Собрание службено купува 30 ЛЦД телевизори и 12 инверетер клима уреди?
Економија

Уште еден несмасен гаф на луѓето на Гаши? Зошто претседателот на Собрание службено купува 30 ЛЦД телевизори и 12 инверетер клима уреди?

16/09/2024

AA

Во називот на јавната набавка стои дека 30 ЛЦД телевизори со 80 сантиметарски екрани (во дијагонала н.з.) се набавуваат (цитираме) „За потреби на Кабинетот на претседател на Собрание“. Според усното објаснување што го добивме од прес службата на Собрание набавката на телевизори била за потребите на Собранието, а не за Кабинетот на Гаши. 

Кабинетот на Африм Гаши, претседателот на македонското Собрание распиша тендер за набавка на 30 ЛЦД телевизори со екран 80 сантиметри, 12 инвертер клима уреди и професионален фотоапарат со соодветен објектив. Официјална потврда за набавката во чиј наслов пишува За потребите на Кабинет на претседател на Собрание може да се најде на овој линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/noticesкога ќе се побара јавната набавка со шифра 14371/2024 чиј назив во целост гласи Телевизори, уреди за ладење и греење и фотографска опрема за потребите на Кабинетот на претстедателот, а ја распишува републичкото Собрание.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавност достави прашање до кабинетот на Африм Гаши во кое праша дали оваа набавка е стриктно за потребите на кабинетот на Гаши или пак е набавка за потребите на Собранието која оди преку Кабинетот на Гаши.

Од Собрание добивме одговор дека телевизорите се набавувале за потребите на целото Собрание, а не за кабинетот на претседателот.

„Во врска со вашето прашање, ве информираме дека набавката на телевизорите е за потребите на Собранието, додека за потребите на Кабинетот на претседателот на Собранието е фотоапаратот“, ни рекоа од таму.

Голем сомнеж на целата постапка фрла и тоа што Кабинетот на Гаши во тендерот не бара електронска аукција. Во тендерската документација е наведено дека не е потребна електронска аукција што всушност значи дека понудувачите нема да лицитираат и да ги снижуваат цените туку ќе се споредат понудите и од тие што исполнуваат услови ќе се одбере најниската цена. И тоа ќе биде случај за сите делови на тендерот односно за телевизорите, за клима уредите и на фотоапаратот и објективот.

Дури и да е тендерот со несмасно име односно телевизорите да се за потреби на Собрание, сепак луѓето на кои Гаши им укажал доверба дека ќе работат транспарентно и законски ќе треба да објаснат зошто е изоставена електронската аукција од овој тендер.

Истражувањето на пазарните цени што го направи „Фактор“ покажа дека за телевизор со големина од минимум 32 инчи (80 сантиметри дијагонала), резолуција 1336х768 пиксели, стерео озвучување и гаранција од 24 месеци цената се движи од 12.000 денари до 30.000 денари во зависност од сите електронски додатоци и од производителот. Тоа значи дека во најмала рака тие 30 телевизори според пазарните цени на „Сетек“ и „Нептун“ ќе чинат повеќе од 6.000 евра.  

Заедничко за клима уредите е тоа што сите 12 се инвертер, а 9 од нив се со помала јачина од 3,5 киловати, а 3 се со јачина од 7 киловати.

Претседателот на Собранието од неговото назначување до сега беше предмет на критики во македонската јавност заради гафови кои ги предизвика во првиот случај неговото обезбедување на скопскиот аеродром, а во вториот случај неговиот протокол со преминувањето на македонско-косовската граница во службен режим за приватни цели на Гаши.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy