
Уште две недели за да се искористи празничната промотивна понуда на ЕДС за деловните корисници
До истекот на новогодишната промотивна кампања на Energy Delivery Solutions (ЕДС) остануваат уште две недели.
Кампањата, која е активна до 15 јануари, нуди можност за склучување или обновување на договор за снабдување со електрична енергија по тарифата FIX ++, со стабилни и пониски трошоци, едноставна процедура и дополнителни бенефити за компаниите. Како дел од понудата, деловните корисници добиваат и премиум подарок.
Со пораката „Време е за паметен деловен потег и заштеда на струја“, ЕДС ја истакнува важноста празничниот период да се искористи за подобро енергетско планирање и оптимизација на трошоците – особено во услови на динамичен енергетски пазар.
Од компанијата нагласуваат дека понудата не претставува само краткорочна финансиска заштеда, туку и долгорочно партнерство со сигурен снабдувач, кој на домашниот пазар е препознатлив по транспарентни услови, современи решенија и персонализиран пристап кон секој клиент.

