Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уште две недели до летото, ќе се пушта дел од автопатот Кичево – Охрид
Македонија

Уште две недели до летото, ќе се пушта дел од автопатот Кичево – Охрид

06/06/2025

AA

И покрај сложените теренски услови кај селото Ботун, од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) уверуваат дека нема отстапување од најавениот рок за пуштање во употреба на делницата од Врбјани до Охрид од автопатот Кичево – Охрид, најавено за почетокот на летната сезона.

Од ЈПДП за МИА изјавија дека теренските активности се интензивирани и дека асфалтирањето е во тек на главната траса од Врбјани до Ботун. Акцентот е ставен на финализација на пристапните патишта и поставување заштитна инфраструктура.

„Забрзано тече изградбата на пристапните патишта од Врбјани преку Сливово, Арбиново, Издеглавје, до Песочани и Ново Село, како и кон селата Горенци и Оровник. На клучките Арбиново и Издеглавје се вршат завршни работи, поставуваме жичана и еластична ограда, а во Климештани е веќе пуштена под времен режим на сообраќај десната страна“, велат од ЈПДП.

Во тек се активности и кај клучките Требеништа и Свети Еразмо, а на делот од Подмоље до хотел Амбасадор се гради потпорен ѕид, столбови за натпатник и атмосферска мрежа. Во делот кон Охрид, пак, се подготвува теренот за асфалтирање и се поставува ограда во средишниот дел.

Критичната точка: Ботун и новите свлечишта

Како што беше најавено претходно од страна на вицепремиерот Александар Николоски, очекувањата беа дека пред летната сезона ќе бидат пуштени 40 километри од автопатот, но реализацијата ќе биде со исклучок на делот кај Ботун, каде има нови појави на свлечишта и геотехнички проблеми со косините.

Од ЈПДП информираат дека таму е во тек изработка на измена и дополна на основниот проект за трајна стабилизација на косини и усеци. Откако ќе се финализира проектната документација, ќе следи детална финансиска анализа за изведба.

Декада изградба, половина милијарда евра

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид започна пред речиси 10 години, а според последниот анекс на Договорот (Анекс бр. 3), неговата вредност е проценета на 589 милиони евра.

Автопатот се смета за стратешки дел од коридорот што ги поврзува западниот и централниот дел на државата, а неговото финално завршување се очекува да значително го подобри поврзувањето, безбедноста и економската поврзаност на регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy