Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Усје“ со неделен отчет: Емисиите се во законските рамки – технолошки е невозможно да работиме без филтри
Македонија

„Усје“ со неделен отчет: Емисиите се во законските рамки – технолошки е невозможно да работиме без филтри

19/12/2025

AA

Цементарницата ТИТАН Усје го објави редовниот неделен извештај за квалитетот на емисиите во воздухот за периодот од 12 до 18 декември 2025 година. Од компанијата тврдат дека сите измерени средно-дневни вредности од ротирните печки 3 и 4 се под граничните вредности определени со закон.

Во контекст на зимската сезона и зголемената чувствителност на јавноста за аерозагадувањето, од „Усје“ потенцираат дека нивното влијание врз амбиенталниот воздух е минимално и не корелира со високите вредности на ПМ10 честичките во градот.

Од компанијата категорично ги отфрлаат шпекулациите дека филтрите се исклучуваат, особено во ноќните часови.

Дополнително, се појаснува дека печките работат континуирано 24 часа. Тврдењето дека загадувањето доаѓа од таму во зима го побиваат со фактот дека производството на цемент е всушност поинтензивно во летните месеци поради градежната сезона, отколку во зима.

Емисиите на вкупна прашина, SO2 и NOx се следат 24 часа, 365 дена во годината преку независен автоматски систем за мониторинг, воспоставен уште од 2007 година.

Од „Усје“ посочуваат дека вршат паралелно мерење на амбиенталниот воздух во самиот круг на фабриката.

„Паралелното мерење на ПМ10 честички во кругот на ТИТАН Усје не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата“, велат од компанијата.

За да ја потврдат транспарентноста, ТИТАН Усје упати отворена покана до граѓаните, невладините организации и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy