Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој
Македонија

УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој

17/10/2023

AA

Развој на компанијата, заедницата и засегнатите страни останува врвен прироритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Само минатата година во развој, унапредување и примена на нови дигитални технологии УСЈЕ вложи над шест милиони евра. Овие вложувања се насочени кон одржлив развој согласно високите ЕСГ (enviornemnt, society, governance) стандарди, што компанијата ги усвои во 2020 година и е една од првите компании во земјава што целосно ги применува и развива. Покрај инвестициите во развој, минатата година УСЈЕ инвестираше над 0,8 милион евра во зелени инвестиции, со што директно придонесе за намалување на CO2 емисиите.

„Предизвиците со кои се соочивме минатата година, а кои беа предизвикани од енегетската криза, успешно ги надминавме со воведување на нови иновативни решенија кои ни овозможија оптимизација на деловните процеси и продолжување на инвестицискиот циклус. Нашиот фокус беше ставен на декарбонизација и дигитализација, поголема промоција на зелениот цемент, циркуларна економија и мерки за енергетска ефикасност, со што ги намаливме емисиите на CO2 за 2,9% во споредба со 2021 година. Нашите инженери креираа алатка базирана на вештачка инелигенција, која обозможи намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и поголема декарбонизација. Остануваме посветени на развојот на компанијата, но и на развојот на заедницата“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен диркетор на УСЈЕ.

УСЈЕ инвестира и во изградба на фотоволтаична централа која ќе биде лоцирана на покривните површини во компанијата, а по нејзиното пуштање во употреба ќе се заменат 10% од дневната потрошувачка на електрична енергија на УСЈЕ. Преку инвестиција во обновлива енергија УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 за 3200 тони годишно. Придонес кон поголема декарбонизација дава и зелениот ЕКО Цемент (CEM IV/B V-P 42,5 N) со помало количество клинкер, а уделот на овој цемент во вкупната продажба порасна за 25%.

Согласно својата определба за општествена одговорност, УСЈЕ продолжува со натамошна имплементација и спроврдување на ЕСГ стандардите базирани на четири столба и тоа: декарбонизација и дигитализција, работно опкружување што овозможува раст, позитивно локално влијание, одговорно управување со ресурсите. УСЈЕ ја продолжува соработката со заедницата во насока на поттикнување на развој на проекти кои се од заеднички интерес. Минатата година во ваков вид проекти вложени се околу 10 милиони денари.

Цементарница УСЈЕ работи по највисоките стандарди во областа на животната средина. Компанијата има Интегрирана еколошка А дозвола и согласно одредбите од истата, во работењето применува најсовремени технолошки пракси од областа. Истворемено, работењето на компанијата се следи со независен мониторинг 24 часа, 7 дена во неделата, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy