Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Урсула фон дер Лајен и Емануел Макрон се сретнаа на разговори со Си Џинпинг
Македонија

Урсула фон дер Лајен и Емануел Макрон се сретнаа на разговори со Си Џинпинг

06/04/2023

AA

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретнат со кинескиот претседател Кси Џинпинг на разговори кои би можеле да го одредат идниот курс на односите по долгогодишни затегнати врски, објавија новинските агенции.

Макрон, кој пристигна во Пекинг синоќа, им рече на новинарите дека Европа мора да се спротивстави на намалувањето на трговските и дипломатските врски со Пекинг, кој е во судир со Западот за низа прашања, вклучувајќи ги Тајван, технолошкиот сектор и блиските врски на Кина со Русија; Пекинг, од своја страна, сака да се погрижи Европа да не го следи она што Кина го гледа како курс усвоен од Соединетите држави за да го заузда нејзиниот подем.

Пред да замине за посетата, фон дер Лајен најави дека Европа мора да ги „одризикува“ односите со Пекинг бидејќи Кина излегува од ерата на реформи и отвореност и влегува во нова ера на безбедност и контрола.

Во меѓувреме, западниот притисок се зголемува врз Кина да преземе поактивна улога во завршувањето на конфликтот во Украина – иако Пекинг официјално зазема неутрална позиција, тој никогаш не ја осудил руската инвазија.

Кси неодамна беше во Москва, каде што го зацврсти својот сојуз со рускиот претседател Владимир Путин – опишан како антизападен фронт – но досега не разговарал ниту еднаш со украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту по телефон.

Очекувањата во Пекинг за овие контакти со Европејците се големи, особено за делот со посетата на Макрон.

„Се очекува посетата на францускиот претседател да донесе конкретни резултати во зајакнувањето на трговската и економската соработка меѓу Кина и Франција, како и зголемување на меѓусебната политичка доверба“, пишува денеска во уводникот кинеското издание Global Times. „Вреди да се напомене дека различни сили во Европа и САД внимателно ја следат посетата на Макрон и вршат влијание во различни правци.

„Со други зборови, не сите сакаат посетата на Макрон да помине без проблеми и успешно“, забележува весникот.

Макрон прво ќе се сретне со новиот кинески премиер Ли Кианг, пред Ли да се упати на „работен ручек“ со Фон дер Лејен, која е во прва посета на Кина откако стана претседател на ЕК во 2019 година.

Подоцна попладне, Макрон и фон дер Лајен ќе одржат одделни разговори со Кси, пред тројцата да се сретнат на заедничка средба за трилатерални разговори вечерта. Макрон и фон дер Лајен рекоа дека сакаат да ја натераат Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да донесе мир во Украина, или барем да го убедат Пекинг директно да не и помага на Москва во конфликтот.

Макрон отпатува во Кина со импресивна деловна делегација од 50 членови, вклучувајќи претставници од компании како Ербас, гигантот за луксузни стоки Луј Витон-Моет Хенеси (LVMH) и производителот на нуклеарна енергија Électriques de France (EDF). За време на посетата на францускиот претседател се очекува да бидат објавени нови зделки.

Но, не сите дома мислат дека тоа е добар знак.

„Три четвртини од делегацијата се бизнис лидери: целта е пред сè да се склучат договори“, напиша на Твитер францускиот левичарски европратеник Рафаел Глуксман пред посетата на Макрон. „Во време кога дебатата во Европа е фокусирана на нашата самоубиствена зависност од Кина и кинеското мешање, давање такви сигнали е несоодветно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА ТУНЕЛОТ Исполнети се сите услови

13/02/2026
Македонија

Собранието во среда ќе ги разгледа оставките на Бислимовски и

13/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ И БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА, НО И ПИЈАНИ

13/02/2026
Македонија

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање

13/02/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026
Македонија

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле

13/02/2026
Македонија

ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО

13/02/2026
Македонија

Бугарија го ратификуваше договорот за меѓуграничен железнички тунел на Коридор

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41429
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy