Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

07/12/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

На 8 Декември го чествуваме Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на сето словенство. Како што неговиот лик ги краси нашите древни храмови, така неговото име го носат многу наши образовни, научни и културни установи.

Но, сте се запрашале ли што всушност значи неговото име? Етимологијата ни открива дека зад името Климент се кријат два латински збора, clemens, што значи смирен и clementia, што значи милостив. Во името Климент се сврзани смирението и милоста.

Смирението нè ослободува од потребата да доминираме и создава внатрешен мир што не зависи од околностите. Тоа ни помага да ги гледаме другите со почит, а не со страв или суета. Милоста, пак, го претвора внатрешниот мир во надворешно дејствување, поттикнувајќи разбирање наместо осуда, прошка наместо одмазда, грижа наместо рамнодушност. Таа е знак на вистинска сила бидејќи само посилниот може да биде милосрден. Заедно, смирението и милоста создаваат заедница којашто не се наметнува со страв и со интерес, туку се гради со доверба и со солидарност.

Житијата сведочат дека Св. Климент ги прегрнал овие две доблести како свое второ јас, како срж на својот идентитет. Со истото смирение со кое издржувал прогони од непријателите, Климент примал почести од кнезови и од цареви. Со милост му помагал на народот да се избави од материјалната и духовна сиромаштија.

Освен со својот живот, охридскиот Златоуст ги ширел доблестите и со своите слова. Постојано ги поучувал луѓето дека милостивите ќе бидат помилувани и дека треба меѓу себе да се почитуваат „со смирение, нелицемерно и со вистинска љубов“.

Тој ги вкоренувал овие вредности во брутално време на голема неизвесност, кога животот на обичниот човек бил осамен, суров и краток, кога луѓето биле оставени на милост и на немилост на локалните моќници. Токму кога е најтешко, добрите навики фаќаат најдлабок корен.

Затоа, овие две доблести, коишто не се само христијански, туку општочовечки и заеднички за многу религии, се темелот врз кои е издигнато најголемото и најтрајно Светиклиментово дело.

Писменоста ширена од Св. Климент им овозможува на луѓето да ги разберат книгите, a со тоа да се разберат и себеси, да научат дека не се одговорни само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Откриле дека посилните се должни да ги заштитат послабите и дека личната благосостојба зависи од заедничкото добро. Луѓето од Климента научиле да се грижат за сираците и вдовиците, за болните и сиромашните, да бидат гостопримливи кон туѓинците и да имаат мир, независно од околностите. Развивајќи свест за заеднички идеи, вредности и цели, Св. Климент придонел населението да се преобрази во заедница поврзана со солидарност, водена од моралниот компас, а заедницата, пак, да прерасне во народ способен за создавање автентична култура и насочен кон заедничка надеж.

Затоа, народот го засакал Св. Климента како свој духовен татко, голем учител и верен заштитник. Под негово водство, нашите краишта, од политичка периферија прераснале во образовен, просветен и културен центар со древниот Охрид како духовна престолнина.

Охридската книжевна школа едуцирала 3 500 ученици кои станале учители на словенските народи. Од нејзините препишувачки центри произлегле раскошни ракописи коишто како временски капсули сведочат за континуитетот на македонскиот јазик.

Охридската архиепископија, освен духовно засолниште за народот, станала и заштитничка на уметниците. Под нејзина закрила славните неимари го хуманизирале просторот, градејќи во симбиоза со природата, а не наспроти неа. Генијалните зографи, ослободени од стегите на конвенциите, станале предвесници на ренесансата. Вештите резбари во дрво ги оживеале библиските сцени.

Не треба да заборавиме дека овие трајни вредности коишто оставиле печат врз европската цивилизација, се всушност плод на живот исполнет со смирение пред Бога и милост кон луѓето. И токму затоа опстанале 11 века, надживувајќи империи, династии, системи и идеологии.

Но, ако денеска погледнеме околу нас, колку од Светиклиментовите вредности ќе препознаеме во реалниот живот, во секојдневните меѓучовечки односи, во домот и во училиштето, на работа и на улица? Се прашувам и ве прашувам: Дали ќе ги искусиме во политичкиот, економскиот и медиумскиот простор? Дали македонското општество денес ги отсликува двете доблести кодирани во Климентовото име? Дали сме милостиви? Дали имаме мир?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава против претседателот и секретарот на Фудбалскиот сојуз Валандово

19/06/2026
Македонија

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на

19/06/2026
Македонија

Македонија ги менува правилата за „златните пасоши“ – инвестицијата повеќе

19/06/2026
Македонија

Во Македонија 40 минути, во Словенија 7 минути за Брза

19/06/2026
Македонија

Српски државјанин возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје,

19/06/2026
Македонија

Нов регистар за заштита од измами: Граѓаните ќе можат полесно

19/06/2026
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43822
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

19/06/2026

Уште едно лице опфатено со обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ почина, потврдуваат извори од одбраната за 4NEWS.mk. Станува

Кривична пријава против претседателот и секретарот на Фудбалскиот сојуз Валандово – сомнежи за злоупотреба и

19/06/2026

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово поради сомнение дека во период од неколку

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на ботокс вреден над 600 илјади

19/06/2026

Обид за внесување на голема количина ботокс преку поштенска пратка бил спречен од страна на царинските службеници, по што Царинската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy