
Урош Б. кој изврши масакр во Младеновац доби 30 дена притвор
Судот му одреди 30 дена притвор на Урош Б. кој деновиве изврши масакр во Србија. Ова за РТС го потврдија од Вишото јавно обвинителство Смедерево.
Убиецот од Младеновац Урош Б. пукал од три локации, па грабнал такси возило. Тој вчера е сослушан во Вишото јавно обвинителство во Смедерево каде го признал извршувањето на делото, поточно дека на три локации со автоматска пушка застрелал неколку лица. Масакрот се случи во ноќта меѓу четвртокот и петокот. Блажиќ потоа пукал од автоматска пушка на вкупно три локации во реонот на Смедрево и Младеновац, при што загинале осум лица, а 14 се повредени.
Српските медиуми јавија дека таткото на Урош починал од срцев удар.
Во Србија последниве денови се уапсени повеќе луѓе поради закани, но и лица кои го величеа масакрот во Белград кој го изврши Коста Кецмановиќ.