
Урнебес во Лондон: Сон излезе сам, Гвардиола легна во очекување на егзекуцијата (ВИДЕО)
Победи Сити со 2-0, но малку недостасуваше „граѓаните“ да завршат трагично и да ги сведат на минимум шансите за четврта титула по ред.
На три минути пред крајот на основните 90, при водство на гостите од 1-0, последната дефанзивна линија направи неверојатна грешка на својата половина, топката дојде до Сон кој излезе сам пред голманот Ортега и можеше да го израмни резултатот. Гвардиола веќе легна на земја во очекување на егзекуцијата, но брзо стана затоа што Ортега го одбрани ударот и го спаси својот тим од шок.
