
Урна рекорд на Меси, а сега произведува велосипеди!
Во 2007 година, Бојан Кркиќ дебитираше на 17 години за првиот тим на Барселона и со тоа го сруши рекордот на Лео Меси од 2004 година.
Кркиќ одлично ја почна кариерата, настапуваше и за шпанската репрезентација, но откако замина од Барселона, секој негов следеч чекор значеше и пропаѓање во кариерата.
Кркиќ никогаш не го исполни потенцијалот кој го имаше, предвидувањата дека ќе биде голем фудбалер не се остварија, како одминуваше времето луѓето го заборавија.
Тој ја заврши фудбалската кариера и се посвети на бизнисот. Со Андрес Иниеста направија фабрика за произведување на велосипеди која се вика „Гуава Спорт“. Се работи за луксузни планински велосипеди. Засега имаат само еден модел кој чини повеќе од 7.000 евра.
„Откако сфатив дека не можам повеќе да играм фудбал, се свртев кон мојата втора љубов, а тоа се велосипедите. Со Иинеста имавме желба заедно да основаме компанија која ќе произведува квалитетни велосипеди и се надевам дека нашата приказна ќе биде успешна. Велосипедизмот е добра комбинација на спорт и дружење. Наскоро би можел дури и да учествувам на некои трки. Мислам дека сум подготвен. Во последните години сериозно го тренирам овој спорт“, открива Бојан Кркиќ.
Бојан Кркиќ играше за повеќе клубови, Барселона, Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавез, Монтерал Импакт и Висел Кобе кај Иниеста.