
УРИВААТ РЕКОРДИ: Шест од десет Аргентинци се сиромашни
Шест од десет Аргентинци се сиромашни. Сиромаштијата во Аргентина достигна рекордно ниво.
Нивото на сиромаштија во Аргентина достигна 57,4 отсто во јануари, што е највисоко во последните 20 години, покажува извештајот на Католичкиот универзитет во Аргентина (УКА). Девалвацијата на валутата пезос што ја изврши претседателот Хавиер Милеи кратко по неговата инаугурација на почетокот на декември и зголемувањето на цените предизвикани од него – ги влошија нивоата на сиромаштија, што ја затвори годината на 49,5 отсто.
Милеи ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе ја „доларизира“ економијата, ќе ја скроти годишната стапка на инфлација од повеќе од 200 отсто, ќе го елиминира фискалниот дефицит и ќе стави крај на придобивките за политичките династии во Аргентина, кои Милеи ги нарекува „каста“.
Во декември, неговата влада донесе економски реформи, првенствено девалвација на пезосот од 54 отсто во однос на американскиот долар, што предизвика колапс на приходите на Аргентинците. Лани аргентинската валута беше меѓу трите најлоши во светот.
foto freepik.com/svstrelkov