ЃУРИЌ: Србите масовно се селат од Косово
Србите од Косово масовно се селат поради политиките на Приштина. Ова го тврдат српските власти.
Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска на маргините на министерскиот состанок на Берлинскиот процес се сретна со министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок со која меѓу другото разговараше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, објавија косовските медиуми.
Ѓуриќ посочил дека Белград е посветен на дијалогот, но дека Приштина од самиот почеток покажала крајна неконструктивност и неподготвеност да ги спроведе договорите, особено оние поврзани со формирањето на Сојузот на српски општини
Во северно Косово често има инциденти, а Србите се мета на напади. Со текот на годините, бројот на српско население на Косово се намали, а со тоа Србите изгубија и дел од општините на северот.
Фото: Kosovo Online