
Урбаноиќ за 4TV.mk: Украинците веќе четири години живеат со страв и храброст под гранати и сирени
Олександар Урбаноиќ од здружението „Леска Украинка“ во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека граѓаните на Украина веќе четири години живеат под постојан стрес, бомбардирања и сирени, но сепак успеваат да се прилагодат и да зачуваат оптимизам.
„Искрено, се чудам и се гордам на луѓето во Украина. Тие веќе четири години живеат под гранатирање, сирени и стрес. Навикнати се на тие звуци и, иако често нема струја повеќе часови, сепак се обидуваат да останат оптимистички“, рече Урбаноиќ.
Според него, украинските граѓани се научиле да се справуваат со секојдневните тешкотии и непрекинатата опасност, при што секој ден за нив претставува нов предизвик, но и пример на храброст.
Целата емисија во продолжение:
