Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УПРАВУВАЧКИОТ АКЦИОНЕР ЈА КРЕДИТИРА ФЗЦ КУМАНОВО СО 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА – еве ги деталите за дарежливиот газда
Економија

УПРАВУВАЧКИОТ АКЦИОНЕР ЈА КРЕДИТИРА ФЗЦ КУМАНОВО СО 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА – еве ги деталите за дарежливиот газда

09/11/2024

AA

Интересна информација осамна на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Доминантниот и управувачки акционер на кумановската ФЗЦ, ќе си ја кредитира компанијата со 6,5 милиони евра.

Имено, на 10 декември треба да одржи Собрание на акционери Фабриката за заварени цевки и
профили 11 октомври од Куманово, на која акционерите ќе гласаат оваа компанија да земе заем од 6,5 милиони евра од компанијата Квалитет пром, а која е управувачки акционер во ФЗЦ, со над 51 отсто од капиталот. Таа се занимава со градежништво и трговија, а станува збор за Квалитет пром ДООЕЛ, исто така од Куманово.

„Се одобрува склучување и реализацијана голема зделка со
заинтересирана страна на ФЗЦ Куманово со Друштво за градежништво и трговија КВАЛИТЕТ-ПРОМ ДООЕЛ Куманово увоз-извоз, 
како
заинтересирана страна, 
која
се состои од склучување на Договор
за заем, во кој ФЗЦ се јавува како заемопримач, а Квалитет пром се 
јавува како заемодавач“, се вели во објавата на Берзата.

Вредноста на зделката по основ Договор
за заем, изнесува 400.000.000 денари, односно 6,5 милиони евра, за
период од 5
години.

Вкупната вредност на наведената зделка е повеќе од 2 отсто од
книговодствената вредност на имотот на друштвото според последните ревидирани
финансиски извештаи на Друштвото, односно е над 20 отсто, но
не повеќе од 50 отсто од книговодствена вредност на имотот, со што надминува
10 отсто од вредноста на активата, па затоа се важи како голема зделка и потпаѓа под правилата за одобрување на голема
зделка со заинтересирана страна.

Се
утврдува дека за наведената зделка има Извештај за ангажман за разумно
уверување во постапка за одобрување на зделка со заинтересирана страна од
овластен ревизор кој ги исполнува условите пропишани согласно Законот за
ревизија и Законот за хартии од вредност.

Но, овде се наведува дека компанијата Квалитет пром е и акционер кој поседува повеќе од 20 отсто од акциите со право на глас во ФЗЦ.

Според состојба на ЦДХВ, компанијата Квалитет пром поседува 52,36 отсто од акциите на ФЗЦ, додека компанијата Рапид Билд располага со 9,15 проценти.

За квалитет пром на нејзината веб сттраница е наведено дека се занимава со складирање, трговија и дистрибуција на градежни материјали, производство на електрични кабелски сетови.
Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ е 100 отсто приватна компанија основана во 1990 година како семеен бизнис. Идејата за основањето на компанијата е поврзана со претходно неколкугодишно претприемачко работење во градежништво односно изградба на куќи со комплатна организација на изведбите до клуч на рака.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy