Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Управата за извршување на санкциите излезе со нови детали за тунелот кој беше откриен во Идризово
Македонија

Управата за извршување на санкциите излезе со нови детали за тунелот кој беше откриен во Идризово

21/03/2023

AA

Управата за извршување на санкциите во координација со КПД Идризово и со безбедносните органи, а врз основа на прибрани информации за безбедносната состојба во КПД Идризово, кои информации индицираа основано сомнение дека од страна
на осудени лица се превземаат недозволени активности со кои би се создале услови за организирано бегство од установата, во изминатиот период од два месеци го подигна степенот на безбедност со цел да се дојде до подетални информации и да се провери
нивната веродостојност.

Како резултат на овие активности, во кругот на Затвореното одделение е детектирано потенцијалното место од каде би можело осудените лица да ги реализираат ваквите планови и таму беше дополнително зајакнато обезбедувањето.

Од причина што се работи за стари објекти од тврда градба кои се вон употреба, по спроведена постапка за јавна набавка избрана е фирма со соодветна дејност за рушење на наведените објекти. Откако е постигната согласност со Министерството за внатрешни работи со свои сили да обезбеди асистенција при реализацијата, денес на ден 21.03.2023 година во 07.00 часот е пристапено кон рушење на детектираните објекти. Воедно се направени и повеќе ископи во кругот на одделението при што е пронајден подземен недовршен тунел во должина од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат кон оградниот ѕид. По завршените планирани активности и реализираното рушење, во попладневните часови се на терен надлежните органи кои треба да ги истражат сите околности со цел да се утврдат сите факти до целосно расчистување на сите работи..

По добивање на подетални податоци кои можат да се споделат со јавноста, ќе бидете дополнително информирани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45759
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy