Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УПОЗ ја прифати понудата на Владата: Плати повисоки за 8% во следните три години
Македонија

УПОЗ ја прифати понудата на Владата: Плати повисоки за 8% во следните три години

06/02/2026

AA

По повеќедневни консултации и изјаснувања, синдикалните организации во рамки на УПОЗ дадоа зелено светло на предлогот на Владата за раст на платите во јавниот сектор. Со договорот се опфатени околу 7.800 вработени во државната управа и правосудството, чии примања ќе се зголемуваат за по 8 проценти годишно во наредните три години, со дополнително линеарно усогласување со порастот на минималната плата.

Од УПОЗ информираат дека огромно мнозинство од синдикалните организации го поддржале договореното решение.

– Според досега пристигнатите изјаснувања, 95 проценти од синдикалните организации сметаат дека прифатеното барање за зголемување на платите е поповолно и прифатливо, соопштија од Синдикатот.

Како што појасни премиерот, пресметката предвидува дека доколку во наредните три години на платата на административните службеници секоја година се додаваат по околу 1.500 денари од растот на минималната плата, а збирот потоа се зголемува за 8 проценти, плата која сега изнесува 35.000 денари за три години би достигнала околу 50.000 денари. Тоа претставува зголемување од приближно 40 проценти.

Во следниот период, синдикалните членови треба да добијат поединечни конечни договори кои ќе треба да бидат потпишани. Повисоките плати за административните службеници ќе започнат да важат од март, а ќе бидат исплатени со априлската плата.

Во меѓувреме, разговорите за растот на минималната плата остануваат без договор, откако преговорите заглавија во заострена реторика меѓу засегнатите страни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy