
УНИШТЕНИ ТОНИ МАНДАРИНИ ОД НЕРЕТВА: „Тој пестицид го користиме 20 години и сега наеднаш е отровен“
Повеќе тони пакувани
мандарини од Хрватска наменети за извоз на српскиот пазар неодамна запрени на границата со Србија и
беше наредено нивно уништување поради откривање на нелегален пестицид. Невен
Матага, производител на мандарини од Опузен, гостуваше во N1 каде зборуваше за
забраната за извоз и пестицидите.
Матага рече дека не знае зошто Хрватската земјоделска комора
или некоја друга институција сè уште не добиле јасни информации зошто системот
за брзо известување на ЕУ за безбедноста на храната на 18 октомври објави дека
се пронајдени 0,044 мг пестициди на килограм мандарини кои се извезени во
Србија и потоа уништени.
Матага вели дека во областа Неретва има околу четири илјади
регистрирани ОПГ, од кои околу две илјади се занимаваат со производство на
мандарини.
„Има се повеќе
производители, постои можност во тоа да се случило некојамала грешка“, додаде тој.
Матага смета дека не е исклучено некој да потенцира дека на
овој начин неретванските мандарини ќе бидат прогласени за нешто што не е добро.
„Пронајден е еден пестицид, инсектицид, кој беше во употреба
до пред две години. Го користевме 20 години и сега наеднаш излезе дека се
трујат деца, дека се трујат нашите потрошувачи. Тоа не е така и можете да
бидете сигурни дека јадете мандарина од Неретва која е свежа, вистинска, во
која секако има се најдобро“, вели Матага.
(НЕ)БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА
Тој додаде дека груб збор е да се каже дека нешто е отруено,
но ако во мандарина имало ситни остатоци од пестициди тоа е минорно.
„Сигурни сме дека 99,9 отсто од производителите користат
листи со дозволени заштитни средства. На нашите простори имаме членови на
ЕуроГАП, каде контролата на производството е од зимско кроење до берба –
целосно сте во системот. Проверка и на дрвото и на лисјата и на плодот, за
нашите потрошувачи да бидат задоволни“, вели тој.
„Сега одеднаш имате огромен пад на цените, огромно
незадоволство на производителите. Ова дојде како оган да изгори се што се
правеше во Неретва со години. А ние стоиме зад тоа дека е бренд а не токсичен
производ“, посочува тој.
„Цената на мандарините во нашите ниви и откупни центри падна
толку многу што ние производителите годинава ќе бидеме во минус од 20 до 30
проценти. Хрватската држава не прави ништо, им создава проблеми на
производителите“, додава Матага. Како што вели, смета дека следната година ќе
има проблеми со квалитетот на производите и другите сегменти поврзани со
производството.
ФОТО: Unsplas
