Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УНИБАНКА СО ДОБРИ ВЕСТИ! Расте кредитирањето, зголемена добивката, задоволни вработени
Економија

УНИБАНКА СО ДОБРИ ВЕСТИ! Расте кредитирањето, зголемена добивката, задоволни вработени

28/02/2025

AA

УНИБанка ја подобри својата пазарна позиција во условите на остра конкуренција во сегментот на средни банки. Растат нето приходите од камати, зголемени се оперативните приходи, а расте и добивката. Задоволни се и вработените затоа што лани добија милион евра повеќе од тоа што им беше исплатени во 2023 година. При тоа УНИБанка го зголеми кредитирањето за 9%, а го одржа нивото на депозити на речиси идентично ниво како и во 2023 година

УНИБанка во 2024 година остварила 26,6 милиони евра оперативни приходи од своето работење. При тоа доминантно учество во структурата на приходи имаат нето приходите од камати кои изнесуваат 19,6 милиони евра и бележат благ раст во однос на претходната 2023 година.

Кај втората по големина приходна ставка има благо намалување во споредба со претходната година и тоа се должи на растот на расходите за провизии и надоместоци. Нето приходите од провизии и надоместоци за 2024 година изнесуваат 4,58 милиони евра.

Нето приходите од курсни разлики се најмала од приходните ставки на УНИБанка и изнесуваат 732.000 евра.

Значаен раст на приходите лани во споредба со 2023 година банката остварила кај останатите приходи и тоа заедно со нето приходите од камати придонело за раст на профитот во споредба со претходната споредбена година.Од останати приходи УНИБанка лани остварила 1,7 милиони евра што е за 50 отсто подобар резултат од претходната година.

Нивото на резервации на кредитните пласмани бележи многу благ раст во споредба со претходната година. За нив УНИБанка на крај на 2024 година издвоила 4,88 милиони евра.

Вреди да се истакне тоа што УНИБанка лани посветила големо внимание на тоа нејзините вработени да бидат задоволни и со тоа да бидат и лојални на компанијата. За нив банката лани издвоила еден милион евра повеќе од 2023 година. Поточно издвоила 7,6 милиони евра или 15 отсто повеќе од претходната споредбена година. Воедно трошоците за вработените се најголема ставка со расходната структура на УНИБанка.

Добивката на УНИБанка за 2024 година изнесува 7,9 милиони евра што претставува за нијанса подобро остварување од претходната 2023 година. Во услови на силна конкуренција особено во сегментот на средни банки на кој работи УНИБанка ова е солиден резултат кој укажува дека банката не само што ја задржала туку и ја подобрила својата пазарна позиција во 2024 година во споредба со претходната споредбена година.

УНИБанка лани го зголеми кредитирањето за 9 отсто и годината ја заврши со кредитно портфолио со вкупна вредност од 308 милиони евра.

Паралелно со тоа оваа банка значајно го намали вложувањето во хартии од вредност (државни обврзници н.з.) и тоа за 34 отсто во однос на претходната споредбена година. Нивото на вложувања во државни хартии од вредност на крајот на 2024 година изнесува 47 милиони евра.

Депозитите банката ги одржува на ниво повисоко од 341 милиони евра и тоа е речиси идентично со претходната година.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy