
УНИ Банка направи џиновски исчекор! Дивидендата ќе биде 60% повисока од лани!
Секоја акција на УНИ Банка носи бруто дивиденда од 283 денари што е за 60 отсто повеќе од дивидендата исплатена лани. Вкупно ќе биде исплатен бруто износ од 2,51 милиони евра од кои околу четврт милион евра ќе ги земе УЈП врз основ на даноци за заддршка или персоналец. Околу 300 домашни акционери ќе поделат меѓу себе нето износ од 475.000 евра
УНИ Банка направи голем исчекор, кој освен акционерите, го поздравува и целата македонска инвеститорска заедница. Зошто? Затоа што е убаво кога се гледа дека компанијата води изразита грижа за своите акционери. Вчера на акционерското собрание беше усвое предлогот со кој УНИ Банка ќе даде 283 денари бруто дивиденда за секоја акција со право на глас.
Тоа значи дека по исплата на данокот ( на заддршка на странци или персоналец за домашни акционери) УНИ Банка за секој свој акционер издвојува нето дивиденда од 255 денари за акција. Ова е принос од 4,9 отсто на последната пазарна цена на таа акција. Дивидендата што ја дава банката е конкурентен принос во споредба со речиси сите „блу-чип“ акции на Македонската берза кои имаат беспрекорна дивиденда историја.
Оваа дивиденда се очекува да охрабри и нови инвеститори кои би ја купиле таа акција особено затоа што дели дивиденда втора година по ред и затоа што сега дивидедната е повисока за 60 отсто во споредба со лани.
УНИ Банка годинава, за добивката во 2022 година, ќе подели 2,51 милиони евра дивиденда. Од тој износ 10 отсто односно четврт милион евра ќе одат во државниот буџет на име даноци, а другите 2,25 милиони евра ќе ги поделат акционерите сразмерно со бројот на акции што го поседуваат во таа компанија.
Најголеми поединечни акционери во таа банка се бугарските државјани Цеко Тодоров Минев и Ивајло Димитров Мутафчиев кои поседуваат по 36,45 отсто од акциите со право на глас. Околу 21 отсто од акциите во таа банка ги поседуваат домашни физички и правни лица, над 300 на број. Тие ќе поделат мешусебно околу 475.000 евра дивиденда во нето износ.
Дивидендата акционерите ќе ја добијат за еден месец од сега, исплатата ќе почне на 5 јуни годинава, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 19 мај годинава.
