
Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Комисија, ја свика Гаши
На собраниската Комисија за финасирање и буџет помина законот за задолжување на државава со 500 милиони евра од Унгарија.
Седницата на комисијата за финансирање и буџет беше свикана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, откако претседателката на комисија Сања Лукаревска вчера одби да ја свика седницата.
СДСМ вчера објави дека ќе се обиде да издејствува законот да се повлече од скратена постапка и да се носи во редовна, со јавна расправа и дека ќе го искористи моментот што има свој претседател на оваа собраниска комисија.
