
Унгарија има највисока инфлација – кои земји се со најниска?
Jулската инфлациска стапка во eврозоната е 5,3 отсто, a на ниво на ЕУ инфлaцијата e 6,1 проценти. Oва се податоци од Евростат. Бројките покажуваат намалување. Во јули лани, стапката на инфлација на ниво на ЕУ беше 9,8 отсто.
Во сега објавените ревидирани податоци, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, потврдена е претходно проектираната инфлациска стапка за Еврозоната, додека во рамки на цела ЕУ е пресметана инфлација од 6,1 отсто, што претставува намалување од јунските 6,4 проценти.
Најниска стапка на инфлација во јули имала Белгија од 1,7 отсто, пред Луксембург од 2, Шпанија од 2,1, Кипар 2,4 и Данска од 3,2 проценти.
Највисока јулска инфлација имала Унгарија од 17,5 проценти, пред Словачка и Полска од по 10,3 отсто, Чешка 10,2 и Романија од 8,9 проценти.
Во споредба со јуни, годишната стапка на инфлација во јули е намалена во 19 држави на ЕУ, останала непроменета во една, а забележа раст во седум членки.
Откако почна војната во Украина лани во февруари, потоа повеќе европски држави се соочија со инфлација, но потоа дојде до стабилизација.
foto freepik.com/senivpetro
