
Јунајтед во преговори со Лион за Таљафико, а прати понда за заем на Кукуреља во Челси
Во ек кога се најавуваше можно враќање на Таљафико во Амстердам, Јунајтед влегол во завршна битка за да го ангажира и сега преговорите се да дојде Аргентинецот кај „црвените ѓаволи“ на едногодишен заем со право на откуп.
Според информациите, преговорите се во напредна фаза, а следните часови се клучни за да се реализира трансферот. Таљафико му е добро познат на Ерик Тен Хаг, соработуваа заедно во Ајакс во историската сезона во 2019 година, кога „копјаниците“ дојдоа до полуфинале и несреќно во судиското надополнување испаднаа од Тотнем.
Од друга страна, Јунајтед веќе пратил понуда од два милиони фунти за заем на Кукурелја за оваа сезона, понуда која не ги задоволува баш на „Стемфорд бриџ“, но расположени се да разговараат за да се најде заеднички јазик во следниве денови до крајот на преодниот рок.
Кукурелја е заинтересиран да се пресели во Јунајтед, но ништо не зависи од него, туку дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер. Инаку Челси за овој фудбалер плати преку 60 милиони евра лани за да го донесе од Брајтон.
