
Јунајтед се мачеше и со Шефилд, но Далот даде одличен гол за триумф (ВИДЕО)
„Ѓаволите“ го постигнаа првиот гол преку Мектоминеј во 28. минута, но само шест минути подоцна Мекбрни од пенал го матира Онана за 1-1.
Двете екипи имаа шанси во продолжение од првото полувреме, но не искористија ниту една од нив, по што Јунајтед направи чекор кон победата во 77. минута, кога Далот постигна одличен гол.
Јунајтед со оваа победа се искачи до осмата позиција и има 15 бодови, додека Шефилд е на последната позиција со само еден освоен бод.
