
Јунајтед ѝ го нуди Ван де Бек на Рома, но Мурињо загреан за еден од најдобрите младинци
Балданци имаше импресивни настапи за младата селекција на Италија до 20 години на неодамна завршеното Мундијалито во Аргентина, каде „аѕурите“ стигнаа до финалето. Балданци заедно со најдобриот млад фудбалер на светот Чезаре Касадеи беа клучни за првото финале во историјата на младинските светски првенства за Италија.
Според најавите од Италија, Рома откако доведе две засилувања за нула евра, Хусем Оар и Еван Н’Дика, но сега римјаните се сконцентрирани на продажба на играчи за да ги соберат потребните 30 милиони евра за исполнување на финансискиот фер-плеј до крајот на месецов, а веќе го продадоа Џастин Клајверт во Бормут за 12 милиони евра.
Затоа, се очекува Рома во првите денови од идниот месец официјално да испрати понуда до Емполи за Балданци, кој во минатата сезона даде четири гола на 26 меча.
