Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УМС на ВМРО-ДПМНЕ додели награди за Ковачевски како инфлуенсер на годината, Маричиќ турист на годината, а Груби најдобар агент со недвижности
Македонија

УМС на ВМРО-ДПМНЕ додели награди за Ковачевски како инфлуенсер на годината, Маричиќ турист на годината, а Груби најдобар агент со недвижности

05/03/2023

AA

УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска додели награди за премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Тие велат дека доблеста и човековата големина се покажуваат со постапки и дела, а не со празни зборови.

„Како политички активна младина, го докажуваме ова, со тоа што се одлучивме да не бидеме некој што постојано ќе критикува, туку и некој кој ќе ја пофали успешноста, претприемачкиот дух и визијата за професиите на иднината.

Македонија можеби навидум е мала земја, но истовремено е полна со таленти, кои ја открија тајната на успехот, збогатувањето во најбрз можен рок и оптимизацијата при користењето на социјалните мрежи.

Можеби рафтовите со леб во маркетите се празни и народот нема со што да се прехрани, но една таква мала и неважна работа не смее да го засени фактот дека со само 26.000 евра, можат да се купат неколку стотина лајкови на Фејсбук.

Наградата за инфлуенсер на годината, заминува кај премиерот Димитар Ковачевски – Таче, за најмногу пари инвестирани во развојот на културата на социјалните мрежи во Македонија.

Можеби на планетата Земја има седум континенти и речиси 200 држави, но тоа не значи дека со силен коалициски капацитет, сервилност и злоупотреба на функцијата, светот не може да биде истражен. Наградата за турист на годината, оди кај вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој покажа дека дипломатијата е само споредна работа за еден светски патник како него.

Во фокусот на секоја успешна држава, каква што е Македонија во последните неколку години, е да се изградат што поголем број на згради и станови. Наградата за најдобар агент со недвижности, заминува кај првиот вицепремиер Артан Груби, за неговите лик и дело, и усовршувањето на преговарачките техники кои му ги донесоа најдобрите цени и зделки.

Големината на еден човек се докажува и според способноста за лично докажување во повеќе сфери и области. Покрај успешната инфлуенсерска кариера што чини само 26.000 евра, премиерот-инфлуенсер докажа дека истовремено може да се биде и совршен менаџер.

Во духот на Европскиот зелен договор, борбата против климатските промени и ургентната потреба за зачувување на планетата, на Димитар Ковачевски му се доделува и дополнителната награда за најдобар менаџер во полето на алтернативните извори на енергија. Семеен бизнис во тесна врска со коалициските партнери е она што и е потребно на Македонија за да обезбеди сигурна иднина“, велат од УМС.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy