Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УМОРНИ СТЕ, ИМАТЕ ГОРЧЛИВО ИСКУСТВО, НО ИМА МОМЕНТУМ ВО ЕУ Билaтералните сопки за Македонија не може да одат во недоглед
Македонија

УМОРНИ СТЕ, ИМАТЕ ГОРЧЛИВО ИСКУСТВО, НО ИМА МОМЕНТУМ ВО ЕУ Билaтералните сопки за Македонија не може да одат во недоглед

30/11/2025

AA

„Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот на пристапување и сте уморни од овие процеси, но сега во Европската Унија има моментум за проширување којшто треба да се искористи, во исто време продолжувајќи со примена на реформите. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во проширувањето и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина“.

Вака вели во разговор за МИА, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај.

Во однос на се погласните предлози за членство на земјите-кандидатки во ЕУ, но без целосни права на донесување одлуки, како и без право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување и дали ова е реално, Стражај вели дека целосно го поддржува процесот на етапна или постепена интеграција.

– Не можам да предвидам дали овој предлог ќе биде реален или не, но сметам дека моментумот е тука, дури и внатре во ЕУ се споменуваат и конкретни датуми за можно следно проширување. Но ,од друга страна, подготвеноста на одделни земји од Западен Балкан, е исто така многу важно, за тоа како тие ја завршуваат својата домашна задача.

Според него, можеби треба да се види и дали македонските власти го одбрале вистинскиот пристап во решавањето на ова прашање. Тој смета дека можеби властите во Скопје треба да ѝ пристапат со јасно барање на Бугарија со цел да се реши оваа ситуација еднаш засекогаш.

Тој истакнува дека неодамнешната официјална посета на словачкиот претседател на земјава Петер Пелегрини е сигнал дека Македонија е сметана за многу добро подготвена земја-кандидат за идно членство во ЕУ и дека Словачка ќе ја поддржи заедно со останатите кандидатки.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЛОЛЕТНИЧКА ВОЗНЕМИРУВАНА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 23-годишник ја следел додека се

03/03/2026
Македонија

Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ –

03/03/2026
Македонија

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не

03/03/2026
Македонија

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026
Македонија

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД

03/03/2026
Македонија

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу

03/03/2026
Македонија

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од

03/03/2026
Македонија

Едно лице задржано во полициска станица по трагичниот настан во

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42165
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЛОЛЕТНИЧКА ВОЗНЕМИРУВАНА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 23-годишник ја следел додека се враќала од училиште

03/03/2026

Во СВР Тетово, 49-годишник од Тетовско синоќе пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од Kратовско, со кого

Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ – внесувале неточни податоци за константираните

03/03/2026

Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска започна судска постапка против тројца полициски службеници од Кочани, во предмет поврзан со настани околу работењето

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не била извршена – тетовец измамен

03/03/2026

На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy