
Умерено облачно – температурите до 14 степени
Умерено облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.

