
Улиците во Мадрид беа полни, Шпанија ги пречека шампионите! (ВИДЕО)
Шпанците не влегоа како едни од главните фаворити за освојување на Европското првенство, но одиграа спектакуларен турнир победувајќи ги сите седум натпревари.
За успехот да биде позначаен на патот до трофејот ги совладаа големците како Италија, Германија, Франција и Англија.
„Ви благодариме што ја покажавте најдобрата верзија од Шпанија. Ова беше како приказна“, изјави премиерот Педро Санчез кој ги прими фудбалерите.

