
Уличен форум утре во Скопје: „Нашите градови се небезбедни! Тоа мора да се промени!“
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен“ велат дека нашите градови се небезбедни и тоа мора да се промени!
Тие ги повикуваат граѓаните утре 09.02.2025 недела со почеток во 12:00 часот, на одржување на првиот Уличен форум!
„На Уличниот форум „ЗОШТО НАШИТЕ ГРАДОВИ СЕ НЕБЕЗБЕДНИ?“, ги собираме сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура.
Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност.
Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и движиме секојдневно“, велат од „Кој е следен“.

