Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УКРАЛ „ГОЛФ“ И УДРИЛ ВО МАРКЕТ Повредена 23-годишна вработена во Палатица, сторителот побегнал
Македонија

УКРАЛ „ГОЛФ“ И УДРИЛ ВО МАРКЕТ Повредена 23-годишна вработена во Палатица, сторителот побегнал

27/02/2026

AA

Непознат сторител украл „фолксваген голф“ во тетовско и со возилото удрил во маркет во село Палатица, при што повредена е 23-годишна вработена, информира полицијата.

Според податоците од СВР Тетово, случајот бил пријавен вчера во 22:40 часот од Ќ.И. (78) од село Стримница, кој навел дека автомобилот, сопственост на друго лице, бил паркиран и оставен со клуч на бравата кога бил одземен.

Како што соопштуваат од полицијата, лицето што го одзело возилото се движело кон село Палатица, каде што предизвикало сообраќајна незгода удирајќи во објект на маркет, по што го напуштило местото.

Во инцидентот со телесни повреди се здобила Л.К. (23) од село Палатица, вработена во маркетот. Повредите ѝ биле констатирани во Клинички центар Тетово, а причинета е и материјална штета на објектот.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и пренесено во кругот на СВР Тетово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар во куќа во село Волково

27/02/2026
Македонија

Заталкан куршум оштетил балкон во Долно Лисиче

27/02/2026
Македонија

Кривична пријава за затајување: Вработен во казино присвоил над 330

27/02/2026
Македонија

🎥 ЗА УШТЕ 5 УБИСТВА СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ СЕ ДЕЛО

27/02/2026
Македонија

Еко-свест: Рис, лисица и мечка бараат станови низ Скопје

27/02/2026
Македонија

Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот

27/02/2026
Македонија

Хорор во скопско: Мајка пријави дека нејзината 9-годишна ќерка била

27/02/2026
Македонија

Скопје и САД ја зајакнуваат соработката: Средба на Ѓорѓиевски со

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42025
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар во куќа во село Волково

27/02/2026

На 26.02.2026 во 05:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на

Заталкан куршум оштетил балкон во Долно Лисиче

27/02/2026

На 26.02.2026 во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел,

Кривична пријава за затајување: Вработен во казино присвоил над 330 илјади денари

27/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy