Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ и дека има „успех“ кај Бахмут
Македонија

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ и дека има „успех“ кај Бахмут

05/06/2023

AA

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и рече дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут, истовремено минимизирајќи го обемот на нападот што Москва тврди дека го одбил.

„Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори“, рече заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар преку Телеграма.

„Секторот Бахмут останува епицентар на непријателствата. Напредуваме на прилично голем фронт. Постигнуваме успех и ги преземаме височините. Непријателот е во дефанзива“, додаде Малиар.

Русија претходно објави дека одбила офанзива од големи размери на истокот и југот на Украина, како и дека им нанела големи загуби на Украинците во жива сила и опрема.

Киев со месеци подготвува голема контраофанзива, чија цел е да ги истисне руските војници од зоните што ги окупираа. Сепак, украинските власти предупредија дека нема да откријат ништо за нивните планови или датуми.

Руската паравоена група „Вагнер“ во мај објави дека го освоила градот Бахмут по најдолгата и најкрвавата битка во војната. Шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин потврди дека украинските сили повторно зазеле дел од градот Берхивка, северно од Бахмут.

Сепак, украинскиот заменик министер за одбрана не кажа ништо за местата на југот на Доњецката област и во близина на Запорожје, каде Москва тврди дека ги отфрлила украинските војници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Путин: Украина мора да се врати во статусот на држава која е неутрална и без

22/06/2025

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека е потребно Украина да се врати во државата во која земјата ја прогласи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy