Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Украина едвај ја скрши Малта и тоа од пенал (ВИДЕО)
Спорт

Украина едвај ја скрши Малта и тоа од пенал (ВИДЕО)

19/06/2023

AA

Три дена откако со џиновски пресврт во последните пола час го освои Скопје, Украина денеска во четвртото коло во евроквалификациите се измачи за да го победи аутсајдерот Малта, па едвај со пенал преку Виктор Циганков дојде до победа од 1-0 и нови три бода во „групата на смртта“.

Украина до победата дојде во 72-та минута откако Андриј Јармоленко изнуди пенал кој го реализираше Циганков, откако претходно по реакција на ВАР, Украина во 52-та минута доби прв удар од белата точка, ама капитенот Јармоленко го промаши. Циганков беше јунак и во Скопје откако го даде третиот гол за комплетен пресврт и победа на Украина против Македонија.

Иако доминираа очекувано на мечот, Украина наиде на силен отпор од Малта, која одигра без респект против фаворитот и добро се препоти за втора победа во третиот меч во овој циклус, откако досега загубија од Англија во март годинава на почетокот на евроквалификациите со 0-2. Украина со оваа победа сега се зацврсти на второто место во групата, Англија е прва со девет и вечерва игра меч со Македонија, додека нашата селекција е со исто бодовно салдо со Италија, по три бода, со по една победа над малтежаните, кои немаат бод во групата досега.

Бившиот вардарец Тигран Барсегјан со гол во 89-та минута од пенал ѝ обезбеди голема победа на Ерменија со 2-1 против Летонија за шест бода во групата колку и лидерот Турција. Финска, пак, очекувано лесно и убедливо го наполни Сан Марино со 6-0 со хет-трик на Даниел Хаканс за девет минути од 65-та до 74-та минута од мечот.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy