Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА – Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите
Економија

УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА – Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите

09/12/2024

AA

ДБ КАРГО планира да укине 5.000 работни места до 2029 година, изјави вчера шефот на товарниот огранок на Дојче Бан, Сигрид Никута, повеќе од договореното со претставниците на работниците.

ДБ Карго со години ги намалува загубите, а според одлуката на Европската комисија, матичната компанија Дојче Бан можеби повеќе нема да ги „покрива“ со финансиски аранжмани.

На почетокот на 2022 година, по жалба од конкурентите, Брисел покрена истрага за државна помош за ДБ Карго, а на крајот на ноември заклучија дека се одобрени 1,9 милијарди евра во согласност со регулативите на ЕУ.

ДБ Карго има 31.000 вработени

Планот за реструктуирање треба да обезбеди одржливо работење на ДБ Карго до крајот на 2026 година, а договорот за пренос на добивката и загубите на државата истекува на 1 јануари 2025 година, утврдија во Брисел.

Затоа Синдикатот на железници и транспорт (ЕВГ) и работничкиот совет започнаа преговори со раководството за програмата за штедење и во октомври се договорија во почетната фаза да бидат укинати 2.300 работни места. Сепак, шефот на менаџментот постојано предупредуваше дека, според сите сметки, повеќе работници ќе мора да ја напуштат компанијата.

Никута во неделата изјави дека поради неповолните прогнози за економијата, повеќе работници ќе мора да ја напуштат компанијата, пред се во администрацијата. Но, отпуштањата ќе бидат распределени и во оперативниот дел на претпријатието, додаде таа, посочувајќи дека планираат да го намалат бројот на работници пред се со пензионирање на работниците.

До почетокот на годината компанијата веќе ја напуштија околу илјада вработени, главно во пензија. Околу 650 колеги добија нови понуди за работа во рамките на железничката групација, рече Никута, додавајќи дека уште 700 работници ќе заминат доброволно, со планирани стимулации.

Од перспектива на DB Cargo, овие бројки ја намалуваат потребата за дополнителни отпуштања во следните пет години на околу 2.650 работни места. ДБ Карго има околу 31.000 вработени.

Фото: Принтскрин/Х

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy