
ЃУКАНОВИЌ И МИЛАТОВИЌ ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Обработени 95 осто од гласовите за избор на претседател на Црна Гора
Во трката за
претседател на Црна Гора води лидерот на Демократската партија на социјалистите
Мило Ѓукановиќ, а најблиску до вториот круг сега е заменик-претседателот на движењето
„Европа сега“, Јаков Милатовиќ.
Според првичните резултати, Милатовиќ има
предност пред лидерот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ. Доколку ниту еден
кандидат не го добие потребниот број гласови, втор круг избори ќе се одржи за
14 дена, односно на 2 април. Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои
освоиле најголем број гласови.
Во Црна Гора
денеска се одржаа претседателски избори на кои право на глас имаа над 542.000
граѓани. Во трката за претседател на Црна Гора има седум кандидати, а
избирачките места беа затворени во 20 часот.