
УХМР за вечерва издаде метео предупредување: Дожд, грмежи и засилен ветер
Во вечерните и ноќните часови, како и во текот на утрешниот ден на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.
Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во Скопското подрачје, западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.
