
УХМР со најава за влажен бран: локално обилни врнежи од дожд и засилен ветер
Под влијание на циклонска активност денес и утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), особено во источните делови. Повеќе врнежи ќе има во текот на ноќва и утре, пообилни во западните и јужните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м2.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, денес со повремен слаб дожд. Во текот на ноќва и утре врнежите ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.