Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УХМР предупредува: Реките со високи водостои, можна нова опасност од поплави
Македонија

УХМР предупредува: Реките со високи водостои, можна нова опасност од поплави

02/04/2025

AA

Од УХМР известуваат дека според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи во текот на денешниот ден.

Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со водостојот и постепено повлекување на водата.

Значително е висок водостојот на река Вардар по целото нејзино течение, од горниот дел во Полошката Котлина, во градот Скопје и низводно накај Велес во средниот и долниот дел од сливот во Демир Капија и Гевгелија. Во текот на денот се очекува и понатаму да остане висок водостојот посебно во средниот и долниот дел од сливот каде би се префрлил водниот бран.

Висок е и водостојот на река Треска каде околу месноста Пласница е можно локално излевање на реката и поплавување на околните ливади. Во текот на денот се очекува постепено стагнирање на водостојот на река Треска, но тој да продолжи да биде висок.

Исто така, висок е водостојот на река Струмица по целото течение на реката, а пред се поради врнежите во Косово и река Лепенец бележи зголемен водостој во текот на изминатава ноќ и изутринава кој во текот на денот се очекува да биде во намалување.

Доколку денеска на одредени места врнежите бидат поројни можно е да се очекува брз и рапиден пораст на водостојот на помалите реки и суводолици.

Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy