
Угина Флопи, последната жирафа во скопската Зоолошка градина
Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина, објави „Скопје1“.
Според нивни извори во Зоолошката, околу два часа траело спасувањето на жирафата.
Тие побарале и потврда за овие информации од в.д. директорот на институцијата, Зоран Попов, но тој не сакал ниту да потврди, ниту да демантира, туку истакнал дека не може сега да разговара.
Имено, ова е втора трагедија во скопската Зоолошка денеска. Флопи угина во ист ден, кога почина и нејзиниот ЗОО-негувател, Ристе Трајковски.
