
УЕФА ги одобри премиите за новата Лига на шампиони – освојувачот може да освои 200 милиони евра
Во неа ќе учествуваат 36 екипи, а Европската фудбалска унија го збогати наградниот фокнд за дури 500 милиони евра. Се проценува дека заедно со телевизиските права, новиот европски првак би можел да инкасира до 200 милиони евра.
Пласманот во групната фаза во иднина ќе носи 19 милиони евра што е за четири милиони повеќе од сега, место во осминафиналето ќе носи 11, за четвртфинале 12, за полуфинале 15, за финале 20, а за титула уште 25 милиони евра. Ќе се заработува и од акции, а вкупната сума зависи и од позицијата на УЕФА листата на сите учесници.
Намалена е само премијата за победа која во иднина ќе изнесува 2,1 милион евра, а образложението е дека ќе има повеќе натпревари.
