
Удинезе се мајстори за нерешени – десетто реми сезонава! (ВИДЕО)
Удинезе е влезен во кризна серија без победа, ама со 31 бод на контото се многу сигурнио на средина од табелата, зашто најзагрозените се далеку зад нив, најблискиот ривал во опасната зона на дури 14 разлика.
Црно-белите успеаа еднаш да направат пресврт на мечот за да поведат, но водството не го задржаа Анголецот Мбала Нзола вторпат погоди во 72-та минута за израмнување. Претходно во шестата донесе водство, па Удинезе преку Бето израмни во 22-та, а преку Переира во 55-та поведе.
За Специја ова беше осмо реми и сега има 20 бода, прва е над опасната зона со три бода пред Верона, но и меч повеќе.