Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Училиштето Св. Кирил и Методиј во Велес постои 166 години и е најстаро во општината
Македонија

Училиштето Св. Кирил и Методиј во Велес постои 166 години и е најстаро во општината

24/05/2023

AA

Најстарото основно училиште во Велес е „Св. Кирил и Методиј“ од Велес.

За век и половина низ ова училиште минале илјадници ученици, а некои од нив оставиле силна трага не само во живеењето на Велес, туку во Македонија и на Балканот.

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ започнало со работа во средината на 19-тиот век, од тогаш датира првиот пишан документ, иако се верува дека тоа во друга форма работело и претходно. Низ сите овие векови, училиштето постоело на истото место. Училиште на значајни личности од нашата историја

– Во овој дел на Велес, во Долни Дуќани имало два метоси, црковни училишни објекти каде се извршувало црковно образование, тоа биле Св. Атанасиј и Св. Кирил и Методиј, едниот женски, другиот машки метох. Богатите велешки трговци купиле место, баш на оваа локација, каде и денес работи училиштето, тука заеднички почнале да учат и женските и машките деца во едно училиште кое го добило името „Св. Кирил и Методиј“. Тоа се случило во 1857-тата година а се учело на говорот на месното население. Настава одржувале световни учители, кои покрај црковните предмети предавале и математика, земјопис, историја, алгебра – вели Тодор Димов професор по историја.

Во најстарото основно училиште во Македонија” Св. Кирил и Методиј” учеле многу истакнати дејци од постарата и понова македонска историја, Андреја Дамјанов, Васил Главинов, Ѓорги Зографски, Данчо и Тодор Зографски, Петре Прличко, Кочо Рацин, Панко Брашнаров, па до помладите професорот Васил Тоциновски. ракометарот Пепи Манасков, виолинистот Костадин Богдановски, научникот Александар Донев се само дел од плејадата познати личности кои основното образование го завршиле во клупите на ова училиште.

Од архивата на Дневник

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy