
Учесници во сообраќајот кои не користат зимски гуми да го ослободат патот и да не преставуваат пречка!
Од Македонија пат ги известуваат граѓаните со возила кои не користат зимски гуми, да го ослободат патот.
„Се замолуваат сите учесници во сообраќајот кои не користат зимски гуми (иако тоа им е законска обврска од 15.11.2023 година)да го ослободат патот по кој се движат како не би преставувале пречка за останатите учесници во сообраќајот. Со самата постапка, на екипите на Македонијапат ќе им овозможат полесна и посигурна интервенција на патиштата со цел за нормално одвивање на сообраќајот. Ова посебно се однесува за планинските премини и за правците за кој имаме издадено известување за забрани за сообраќај за тешки товарни возила“, велат од Македонија Пат.