
УЧЕНИЦИТЕ СМРЗНУВААТ, А ВОЗИЛОТО ГО ПОЛНЕЛ СО УЧИЛИШНА СТРУЈА! Потресно сведоштво од основно училиште во Хрватска
Работникот кој неовластено го полнел мерцедесот училишна струја добил предупредување пред да биде отпуштен, изјави за хрватските медиуми директорката на основното училиште „Ивања Река“ во Загреб, Дубравка Црниќ.
Имено, учениците и наставниците од загрепското основно училиште две недели посетувале часови во ладни училници. Причина, како што посочуваат родителите на децата кои го посетуваат тоа училиште, била експлозијата на оџакот што се случила пред две недели, пренесуваат тамошните медиуми.
Загрижените родители посочиле дека неколку пати и се обратиле на директорката Црниќ бидејќи децата не можеле да се стоплат по оштетувањето на оџакот, но таа, тврдат, не одговорила на овој горлив проблем на училиштето.
– Некои деца настинале од седење на студ, кашлаат. Некои родители сепак решија да им дадат ќебиња на децата бидејќи немаат каде да ги однесат и да не ги праќаат на настава не е решение – рекол татко на ученик.
Родителите се обиделе да најдат решение во електричните греалки, но, велат, директорката брзо ги исклучила.
– Директорката рече дека струјата не е доволно силна за загревање. Но, денес бевме сведоци како се полни електричен автомобил на училишната струја, која не е доволно силна за загрењвање. Автомобилот што се гледа на снимката не е училишен автомобил, не се знае чиј е, но уредно е приклучен на училишниот штекер и ја краде струјата од училиштето – изјави еден родител.
Тој додава дека не стигнале да ја прашаат директорката чиј е автомобилот бидејќи „не ги познава“.
Во одговорот на директорката Црниќ, медиумите дознаваат дека има дефект во котларата во училиштето и дека за се ја известиле Градската управа за образование и дека е договорена поправка.
Таа додала и дека автомобилот го „полнел“ вработен во училиштето.
Снимки и слики од учениците и автомобилот кој користи училишна струја може да видите на следниов линк.