
Учениците од Трубарево се вратија на настава со физичко присуство
Околу 1.800 ученици од четири основни училишта – „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во Трубарево од денеска се вратија во училишните клупи, откако минатата недела ја следеа наставата онлајн поради пожарот во магацинот за рециклирање отпад.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека според информациите добиени од надлежните министерства, во моментов нема опасност по здравјето на учениците и наставниците.
Како што додаде, доколку се добијат нови информации, веднаш ќе реагираат.
„Така како што одлучивме да одат на онлајн-настава, така повторно би го направиле тоа. Но, сега засега нема опасности и тие ќе си одат со физичко присуство затоа што нема подобра настава и не се постигнуваат подобри успеси на учениците освен со физичко присуство“, изјави Јаневска.