
УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел
Матурската прослава на деветоодделенците од основното училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица, Црна Гора денеска тргна целосно наопаку кога децата ја запалија училишната зграда додека палеа факел. Во пожарот за среќа нема повредени.
Директорката на училиштето „Владо Милиќ“ Ивана Милиќ за црногорските медиуми изјави дека освен големата штета која допрва треба да се утврдува, во пожарот во училиштето нема повредени.
„Штетата допрва ќе се утврдува“, кратко прокоментира Милиќ за „Вијести“.
Таа за новинарите пред училиштето изјави дека инцидентот се случил околу десет часот.
„На палењето на факелот учествуваа сите ученици од деветто одделение“, рече Милиќ.
Како што може да се види на неколку видеа кои кружат на социјалните мрежи, децата панично бегале колку што подалеку од училиштето додека пламените јазици го зафатиле покривот на образовната институција. Според видеото, најисплашени биле учениците од пониските одделенија кои при евакуацијата со неверување гледале во чадот кој се протегал на неколку метри до небото.
На теренот имало пет екипи од пожарникари
Вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување Подгорица Здравко Блечиќ за новинарите изјави дека на местото на настанот излегле пет екипи со 15 пожарникари.
„Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни. Пожарникарите имаа проблеми со приближувањето и пристапот до овој дел од училиштето, но со помош на чуварот кој беше многу брз, успеаја“, изјавија Блечиќ.
Тој рече дека штетите во училиштето се големи.
„Влажноста и употребената вода може да предизвикаат штети и во училниците. Очекуваме пожарот целосно да биде изгаснат за околу 15 минути“, рече Блечиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
