Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ученици од Битола наградени со 6.000 долари за уред за чист воздух
Македонија

Ученици од Битола наградени со 6.000 долари за уред за чист воздух

25/02/2025

AA

Шест ученици од Техничкото училиште  ЃОРЃИ НАУМОВ – БИТОЛА под менторство на професорката Александра Колевска-Јовановски, освоија прво место на хакатонот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола. Тие развија уред со напредни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, поврзан со апликација која овозможува следење на загаденоста во реално време.

Тимот напорно работеше со цел да ја реализира идејата за иновативното еко решение со што ќе се придонесе за заштита на животната средина и енергетската ефикасност, како и за примената на обновливлите извори на енергија.

Тимот „ЕкоМакс“, составен од Димитар Србиновски, Ристијан Ристески, Никола Алексовски, Емилија Југовска, Христијан Атанасовски и Андреј Манасиев, ја дефинирал идејата само неколку дена пред почетокот на натпреварот, а за два дена успеал да ја реализира. Како награда, добија 6.000 долари за усовршување на проектот.

Учениците истакнуваат дека загаденоста е голем проблем во Битола и Македонија и дека младите треба да се обединат за подобрување на животната средина.

Менторката Колевска-Јовановски нагласува дека ваквите натпревари им помагаат на учениците да го применат стекнатото знаење, да развијат тимски и комуникациски вештини и да се подготват за идни професионални предизвици. Тимот веќе има значајни успеси, вклучувајќи прво место во 2024 и второ место во 2023 година на Државните натпревари за електротехнички, машински и сообраќајни училишта во Македонија.

Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, имплементиран од CEED Hub Skopje, во партнерство со Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола при Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Општина Битола – официјална страница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy