
Убиство во Кавадарци
Едно лице родено во 1982 година е убиено во тепачка што се случила утринава околу пет часот пред казино во Кавадарци.
Според информациите од Службата за итна медицинска помош, жртвата добила смртоносни повреди на главата.
Екипа на брзата помош веднаш излегла на терен по добиениот повик, но по пристигнувањето констатирала дека лицето веќе било починато, без знаци на живот.
Од МВР велат уапсени се три лица на возраст од 26, 27 и 35 години.
„Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.
Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.