Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УБИСТВАТА ВО ЦЕТИЊЕ СЕ ИЗВРШЕНИ ЗА 30 МИНУТИ: Една од жените ранета го земала детето и бегала
Регион

УБИСТВАТА ВО ЦЕТИЊЕ СЕ ИЗВРШЕНИ ЗА 30 МИНУТИ: Една од жените ранета го земала детето и бегала

02/01/2025

AA

Убиствата во Цетиње во Црна Гора се извршени за 30 минути. 

Вршителот на должноста директор на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 луѓе во Цетиње, злосторствата ги извршил на пет локации во рок од 30 минути, а за првите убиства полицијата добила погрешна локација.

Полиција во 17 часот и 26 минути добила пријава дека во кафеана е употребено огнено оружје, но кај нив била пријавена погрешна локација – Бајице.

Шќепановиќ рече дека од првото до последното убиство поминале вкупно 30 минути. Патролата отишла на погрешна локација, која, како што вели, прво ги забавила нивните дејствија.

Тој рече дека вчера попладне, според потврдени информации, загинале 12 лица, меѓу кои две деца, а четири  се ранети.

Во 17 часот и 16 часот е констатирано дека во кафеаната веќе се убиени четири лица.

„На таа локација Мартиновиќ го ранил М.В. роден 1984 година, А.М. (1983), Д.К. (1985). Сите тие преку ден престојуваче заедно во кафеаната и се познавале“, изјави Шќепановиќ.

Мартиновиќ веднаш се упатил на друга локација во 17:00 часот во населбата Хумци. Тој со автомобил пристигнал во населбата Хумци и во куќата прво го убил Ј.О. и М.М. Таму е ранета М.М., сопругата на убиениот М.М. Таа успеала да побегне ранета со детето во раце.

„Потоа отишол во куќата на родителите на веќе убиениот М.М. и ги усмртил неговите родители Р.М. и Р.М.“, рече Шќепановиќ.

Потоа масакрот го продолжил со убиството на двете деца. Потоа ја усмртил и својата родена сестра со која, како што изјавија од полицијата, бил во добри односи и само неколку часа претходно во нејзиниот дом заедно со неа и нејзиното семејство ја прославил Новата година. Мартиновиќ не бил женет и живеел сам. По масакрот, се самоубил.  Работел како автолакер. Пред две години во Цетиње имаше масакр кој го изврши Вук Бориловиќ, кого полицијата го усмрти. 

фото принтскрин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy